Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Со чевел изгази одлука на Европската Комисија

(ВИДЕО) Со чевел изгази одлука на Европската Комисија

Италијански европратеник со чевел ја изгази одлуката на Европската Комисија. 

Европската комисија вчера одби да го усвои предлогот на Италија на буџетот за 2018, што предизвика гневна реакција на европратеникот,  Анџело Кјоче. 

На прес- конференција го собу чевелот и потоа ги изгази хартиите на кои беше напишана одлуката на ЕК. Комесарот на ЕУ за економски прашања Пјер Московици, остро реагираше на овој потег. Вели дека за перфомансот користел чевел произведен во Италија, а дека Московиси изговорил без број лаги против Италија.

ЕК ја предупреди десничарската Влада на значајни отстапки од правилата на финасиска дисциплина во еврозоната.  Комисијата го повикала Рим да претстави нов нацрт на буџетот со кој се намалува структурниот дефицит за 0,6 проценти на БДП, наместо да се зголемува за 0,8 процентни поени, како што се предвидува со сегашниот план. Меѓутоа, потпретседателот на италијанската Влада, Матео Салвини, нема да го менува буџетот за 2019. година.


Слично

Поврзани вести