Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Со асфалтирање на пат станаа популарни - како го прават тоа?

(ВИДЕО) Со асфалтирање на пат станаа популарни - како го прават тоа?

Во Западна Австралија малото  место Мура преку ноќ стана популарно поради асфалтирање на пат. 

Виралното видео од асфалтирање на локален пат кое е објавено има повеќе од 15 милиони прегледи на Фејсбук. 

Мура стана популарна поради првиот човек на заедницата, Алан Лисон кој одлучил да го снимат асфалтирањето на патот. Видеото е малку забрзано, а целата процедура трае 15 минути и се гледа како прво едниот камион асфалтира долга и широка лента со едно поминување, а потоа се гледаат камионите што го довршуваат процесот.

Лисон раскажува дека не очекувал видеото да стекне толку голема популарност, но дека се горди што добиваат пофалби за работата и што снимката е толку многу гледана.




Слично

Поврзани вести