Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Снимка од протести која предизвика гнев

(ВИДЕО) Снимка од протести која предизвика гнев

Снимката со младите демонстранти на колена предизвика гнев и критики.

Се работи за повеќе од 150 ученици кои беа опколени од полицијата откако се обидуваа да ги блокираат училиштата во знак на солидарност со „Жолти елеци“.

Неколку десетици француски адолесценти клечат на колена, со рацете на глава, пред вооружени полицајци, се рашири по интернет и предизвика критики поради реакцијата на француските власти за протестите на т.н. „Жолти елеци“.

Најмладиот ученик што учествуваше на протестот во четвртокот имаше 12 години; најстариот 20. Некои допатувале од други градови за да се приклучат на протестите.

Во четвртокот попладне полицијата опколи околу 153 млади луѓе по насилните инциденти што се случија во близина на средните училишта Сен-Егзипери и Жан Ростан, на периферијата на Вал-Фуре, на околу 50 километри од Париз.


Слично

Поврзани вести