Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СНИМКА НА РУСКАТА АРМИЈА: Погледнете го нападот на Русите врз Исламската држава од воздух!

(ВИДЕО) СНИМКА НА РУСКАТА АРМИЈА: Погледнете го нападот на Русите врз Исламската држава од воздух!

Русија нападна осум положби на Исламската држава во Сирија, соопштено е од државното министерство за одбрана, а цивилната инфраструктура е избегната во овие напади.

„Денес руски авионски сили нападнаа 8 клучни точки на терористичката Исламска држава во Сирија. Изведовме вкупно 20 налети со авионите“, изјавил портпаролот на руското министерство за одрана Игор Конашенков, пренесува Раша тудеј.

„Како резултат на нашиот напад, погодени се магацини со оружје и гориво. Координациониот центар на ИСИЛ кој се наоѓаше во планините е целосно уништен“ , додал тој.

Конашенков рекол дека сите летови се изведени после воздушно набљудување и внимателна потврда на сите податоци доставени од страна на сириската војска.

Тој подвлекол дека руските авиони не целеле кон цивилната инфраструктура и дека избегнувале таква територија.

Погледнете го видеото:

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/hiA0JUdWR6M[/embed]
Слично

Поврзани вести