(ВИДЕО) СНИМЕНА Е ПОСЛЕДНАТА СЕКУНДА НА РУСКИОТ АВИОН: Јасно се гледа блесок над Синај, а тоа остава само две можности
Американски функционери објавија своја теорија за падот на рускиот авион од компанијата „Когалимвај“ кој се урна во Египет и загинаа сите 224 луѓе, пренесува телевизиската мрежа „НБЦ“. Тие ги отфрлија обвинувањата дека авионот е погоден со ракета.
„Исламска држава“ не располага со ракети земја-ваздух кои би можеле да пресретнат авион на таа висина“ објаснил анонимен преставник за „НБЦ“.
Стаелитските слики не ја поддржуваат теоријата дека ракета го погодила рускиот патнички авион.
„Шпекулациите дека авионот е урнат со ракета не е актуелно“, додал анонимниот извор за „НБЦ“.
Видеата направени со американските инфрацрвен сателит покажуваат блесок над Синај во време кога авионот лета над полуостровот рано утрото во саботата, пренесуваат „НБЦ“ и „ЦБС“.
Стручна екипа од американски експерти веруваат дека тоа може да биде експлозија во авинот - или резервоарот или бомба. Но нема никакви показатели дека експлозијата би можела да настане од ракета земја-ваздух.

