(ВИДЕО) Снимена е песна за Путин - како го доживуваат претседателот?
Во рускиот град Хабаровск, околу 250 возачи се собраа во неделата вечер за со своите автомобили да формираат линија во облик на лицето на Владимир Путин. Во исто време излезе песна, напишана од член на изборната кампања на Путин, во кое жени сонуваат да се омажат за рускиот претседател.
Еден од организаторите, пак, изјави за новинската агенција РИА Новости дека овој флешмоб не е поврзан со кампањата на Путин. „Веќе некое време сакавме да направиме сложена композиција - нечиј портрет. Кога ја избиравме личноста, решивме дека ќе биде претседателот.“
Се појави и ново видео со поп-песна, изведена од руската популарна група Фабрика и напишана од Игор Матвиенко, истакнат учесник во предизборните кампањи на Путин, „Вова Вова“ (името на Путин нагалено) е најновото музичко видео со убави жени.
Песната е за три „обични жени“ коишто сонуваат да се омажат со претседателот Путин. Видеото има над 880.000 прегледи на Јутјуб.
