Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СНЕЖНОТО НЕВРЕМЕ ОДНЕСЕ ЖРТВИ: Погодени се Русија, Украина, Молдавија и Романија

(ВИДЕО) СНЕЖНОТО НЕВРЕМЕ ОДНЕСЕ ЖРТВИ: Погодени се Русија, Украина, Молдавија и Романија

„Бура на векот“ пустоши низ Русија, Украина, Молдавија, а луѓе умираат во затрупани автомобили.

Десет лица загинаа во бурата во Украина. Веста ја потврди министерот за внатрешни работи Ихор Клименко, а жртви има и во Русија и во Молдавија. 

„Десет лица загинаа во подрачјето на Одеса, Харков, Миколаев и Киев“, напиша Клименко на Телеграм.

Има и 23 повредени, меѓу кои и две деца. Вкупно 411 населби и 11 региони се без струја, а луѓе требало да се спасуваат од повеќе од 1.500 возила.


Невремето ги зафати Дагестан, Краснодар и Ростов, а 1,9 милиони луѓе останале без струја. Брзината на ветрот на некои места достигнувала и над 140 километри на час. Две тела се пронајдени во јужниот руски регион Краснодар, додека државните медиуми јавија дека еден морнар загинал во Керчката клисура меѓу Крим и Русија.

Во Молдавија телата на двајца луѓе се пронајдени во автомобил затрупан со снег во југоисточното подрачје на Коскалија.

Шеесет населени места во романскиот округ Констанца се без струја. Повеќе од 63.000 корисници се погодени по обилните снежни врнежи и невремето. Проблематично е и водоснабдувањето.

фото социјални мрежи

Слично

Поврзани вести