Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО ТУРЦИЈА: Двајца постари луѓе гушкаа јагниња за да не премрзнат

(ВИДЕО) СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО ТУРЦИЈА: Двајца постари луѓе гушкаа јагниња за да не премрзнат

Двајца постари луѓе гушкаа јагниња за да се спасат од невремето во Турција и да не премрзнат. 

Одделот за вонредни ситуации известува дека Натија (70) и Мустафа Акин (70) се враќале во својот дом кога ја изгубиле ориентацијата поради „неповолни временски услови и снежни врнежи“, пренесува Фокс 8.

Брачната двојка се спаси гушкајќи ги јагнињата. Помогнало и ќебето што го имале со себе.


Надлежните откриваат дека Натија и Мустафа се предадени на лекарите, но не се соопштуваат детали за нивната здравствена состојба. Не се знае колку време биле надвор среде снежно невреме. 

Северните, централните и источните делови на Турција се под снег. Градови и села се отсечени. 

Слично

Поврзани вести