Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО АВСТРАЛИЈА: Загина жена, нема струја, патиштата се завеани

(ВИДЕО) СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО АВСТРАЛИЈА: Загина жена, нема струја, патиштата се завеани

Австралија се соочува со невидено снежно невреме и ниски температури.

Возачите во австралиските држави Викторија и Нов Јужен Велс се предупредени да не патуваат ако не мораат поради големите снежни наноси.

Силните ветришта дувале со брзина до 120 километри на час и ги опустошија државите од јужниот дел на Австралија. Се случија несреќи, но и прекини на електрична енергија. Овој бран се пресели во Квинсленд вчера. На некои места има најголеми врнежи од дожд во последните две децении, објави Квинсленд Кантри Лајф.


Една жена загина откако дрво падна врз нејзиниот автомобил во Јара Рингс, источно од Мелбурн, Викторија. Нејзиното четиригодишно дете е хоспитализирано со повреди опасни по живот, објави Гардијан.


Слично

Поврзани вести