Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ПАРАЛИЗИРАШЕ ДЕЛОВИ ОД ГЕРМАНИЈА: Загина човек, а патниците ноќеваа во возови

(ВИДЕО) СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ПАРАЛИЗИРАШЕ ДЕЛОВИ ОД ГЕРМАНИЈА: Загина човек, а патниците ноќеваа во возови

Снежно невреме ја зафати Германија. 54-годишен возач загинал кога неговото возило се завртело и се судрило со комбе синоќа во градот Еминген-Липтинген. Возачот на комбето не е повреден. Снегот ја парализира Баварија, а аеродромот во Минхен е затворен.  Во Улм и Минхен патниците мораа да преноќат во возови. Во раните утрински часови, возот кој доаѓаше од Штутгарт мораше да биде претворен во хотелски воз на главната станица во Улм.

Летовите се прекинати на аеродромот во Минхен, а во текот на ноќта дошло до нарушување во железничкиот сообраќај, објави Билд.

Оваа година  во повеќе европски држави имаше поплави. 


Слично

Поврзани вести