(ВИДЕО) Снежна бура ја парализира Америка од Тексас до Нова Англија
Силна бура го погоди широкиот појас на САД, од Тексас до Нова Англија, донесувајќи до раните утрински часови повеќе од 30 цм снежна покривка, поради што се затвроени многу училишта и откажани се речиси 2300 авионски летови.
Прогностичарите предупредуваат на опасни услови за патување.
Освен училиштата, за денеска и многу локални државни институции ширум погоденото подрачје најавиле дека ќе бидат затворени, пренесува Ројтерс.
И американскиот сенат и претставничкиот дом ги откажале повеќето активности предвидени за денес.
Во пресрет на силната бура гувернерот на Западна Вирџинија Ерл Рој Томблин ја мобилизирал и државната Национална гарда, додека гувернерот на Лузијана Боби Џиндал прогласил вонредна состојба.
Откажани се вкупно 2829 летови на авионите, а најтешко е меѓународниот аеродром Длас Форт Ворт.
Еве како Тексашаните се снаоѓаат на патиштата.

