Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СНЕЖНА БУРА БЕСНЕЕ ВО САД: „Сноузила” зема човечки животи

(ВИДЕО) СНЕЖНА БУРА БЕСНЕЕ ВО САД: „Сноузила” зема човечки животи

Најмалку десет лица загинаа во снежната бура, што утрово го зафати источниот дел на САД

.Бурата „Сноузила”, наречена по чудовиштето „Годзила” од истоимениот филм, остави без струја и десетици илјади домаќинства.

Се очекува нејзиниот ефект да го почуствуваат повеќе од 80 милиони луѓе, од 15 сојузнички земји.

dans-les-rues-de-washington-ce-23-janvier_1756378_667x333

 Ова го најави денеска градоначалничката на Вашингтон, Муријел Боузер, која невремето го опиша како „голема и смртоносна бура”.

Гувернерите на неколку држави, вклучувајќи ги и Њу Џерси, Пенсилванија, Мериленд, Вирџинија, Северна Каролина и Џорџија, како и градоначалникот на Вашингтон, прогласија вонредна состојба.

Big Snowstorm Kentucky

Авиокомпаниите откажале повеќе од 7.000 летови во САД вчера и денес, додека уште 7.000 се откажани само за време на утрешниот ден.

Според директорот на метеоролошката служба, Луис Учелини снежните врнежи, за кои се очекува да траат до недела, ќе предизвикаат штета од околу милијарда долари и ќе парализираат третина од земјата.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/EZlVfEMsZpo[/embed]
Слично

Поврзани вести