(ВИДЕО) СНЕГ ВО ЛЕТО ВО НОВ ЗЕЛАНД: Луѓето отсечени, а улиците се како реки
Циклонот Гита на Нов Зеланд направи сериозни штети, а имало и ветрови со брзина до 140 километри на час.
Ова се случува во период кога во Нов Зеланд е лето. Улиците изгледаат како реки.
Невремето донела интензивни врнежи, а дождот во низините и снегот во планините буквално ги преплавиле јужниот и централниот дел на земјата.
За помалку од два дена наврнале скоро третина од годишниот просек на врнежи.
Во ски-центарот „Коронет Пик“ наврнале од 10 до 15 сантиметри снег.
„На некои места има снег и по половина метар. Сепак снегот нема да издржи многу во овој период“, изјави шефот на ски-центарот, Рос Лоренс.
Во Голден Беј 6.000 луѓе се отсечени. Се смета дека најлошото допрва доаѓа.
Во пет региони е прогласена вонредна состојба, а затворени се и повеќе од 120 училишта и 70 предучилишни установи.
На Нов Зеланд е прогласена вонредна состојба пред да „удри“ ураганот Гита.Претходно Гита направи штета во Тонга и Фиџи минатата недела.
