Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СНЕГ ВО ЛЕТО: Побелеа повисоки делови од Италија и Словенија

(ВИДЕО) СНЕГ ВО ЛЕТО: Побелеа повисоки делови од Италија и Словенија

Снег падна во Италија и Словенија.  

Во италијанското туристичко место Алта Бадиа падна 30 сантиметри свеж и влажен снег. Местото се наоѓа на надморска височина од 1324 до 2250 метри. 

Снег има и на Кредарица во Словенија, а во 9 часот утрово била измерена температура од -3 степени, а биле измерени и 3 сантиметри снежна покривка. Во последните 12 часа паднале 63 милиметри снежни наноси, пренесе „Индекс“.

И во Хрватска има нагли промени во температурите. Во поголем дел од земјата има обилни врнежи од дожд.

Проблеми имаше и во воздушниот сообраќај. Три авионски линии од Рим, Атина и Истанбул се пренасочени на други аеродроми.


Слично

Поврзани вести