(ВИДЕО) СМРТОНОСНИ РАКЕТИ: Руското небо ќе го чува ова супер-оружје
Руската војска од втората половина на 2016 година ќе добие нови ПВО ракетни системи „Сосна“, кои ќе им овозможат ефикасна одбрана од воздушни напади.
Во прашање е дополна на веќе постоечкиот систем, а основната карактеристика на овој систем е додадениот дијаметар „чист“ на небото од непријателските авиони.
„Сосна“ е многу ефикасен за соборување на авиони, хеликоптери, дронови и крстосувачки ракети на висина до пет километри и одалеченост од десет километри. Покрај тоа, овој оклопен ПВО систем може да се движи и да лансира ракети. Како основа за „Сосна“ користено е повеќенаменско лесно оклопно влечно возило (МТ-ЛБ) од руско производство, кое е за прв пат покажано во јавност уште во седумдесетите години.
Се наведува дека на овој ПВО систем може да се додадат и миталези, со што би било уште попогодно за теренска борба, а може да се користи и за стационирана одбрана на ваздушни објеки, но и бродови.
За управување со овој систем неопходни се двајца луѓе, еден кој вози и друг кој е задолжен за пукање. Тестирањето на ова ново оружје ќе биде завршено до летоска.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/zP3mg599b9g[/embed]