Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СЛУШНАЛЕ ТРЕСОК ПРЕД ПОТРЕСИТЕ: Се стресоа неколку италијански градови, луѓето избегаа на улица

(ВИДЕО) СЛУШНАЛЕ ТРЕСОК ПРЕД ПОТРЕСИТЕ: Се стресоа неколку италијански градови, луѓето избегаа на улица

Серија земјотреси ја погодија Италија, a луѓето излегоа на улиците. 

Потрес со јачина од 4 степени синоќа ја стресе Италија, а потоа во текот на ноќта следуваа серија послаби земјотреси. Епицентарот на земјотресот бил во Флегрското Поле, а е почувствуван и во Неапол. Некои жители слушнале силен тресок пред да се затресе тлото.  Во 4.15 часот нов земјотрес со јачина од 2,2 степена според Рихтеровата скала се случи во Флегрските Полиња на длабочина од еден километар. Утринава, во 6.30 часот имало нов земјотрес со јачина од 3,2 степени во провинцијата Катанзаро. Земјотресот е регистриран на длабочина од 24 километри со епицентар во Амат. Се затресле и други населени места. Потоа во 7.11 часот имало уште еден земјотрес со јачина од 3,1 степени во Реџо ди Калабрија. Тој бил на длабочина од 14 километри, со епицентар во Кардет.

Неодамна имаше умерени земјотреси во Турција, Грција и во Мостар во БиХ. 


Слично

Поврзани вести