Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СКВОТЕРИ ЈА ЗАЗЕДОА ЛОНДОНСКАТА ВИЛА НА РУСКИОТ ОЛИГАРХ - упадна и полиција

(ВИДЕО) СКВОТЕРИ ЈА ЗАЗЕДОА ЛОНДОНСКАТА ВИЛА НА РУСКИОТ ОЛИГАРХ - упадна и полиција

Британската полиција изврши рација во луксузна вила во центарот на Лондон, која наводно е во сопственост на рускиот милијардер Олег Дерипаска, откако била окупирана од сквотери.

Утрово сквотери зазеле вила на плоштадот Белграв и на нејзиниот прозорец го закачиле украинското знаме. Вилата вреди неколку милиони фунти и се наоѓа во близина на различни амбасади, пишува Sky News.

„Со окупирањето на оваа вила, сакаме да покажеме солидарност со украинскиот народ, но и со народот на Русија кој никогаш не се согласил на ова лудило“, рекоа сквотерите.

Вие ја окупирате Украина, ние ве окупираме вас“, се вели во соопштението.

Бројни луѓе влегле во вилата и закачиле транспаренти од прозорците на катот, соопшти полицијата. Полицијата, сепак, не соопшти кој го пријавил инцидентот.

Велика Британија го замрзна имотот на Дерипаска минатиот четврток, а тој е еден од многуте руски олигарси санкционирани по руската инвазија на Украина, која Кремљ ја нарекува „специјална воена операција“. Велика Британија вели дека Дерипаска е тесно поврзан со руската влада и рускиот претседател Владимир Путин.

Центар за помош на бегалци

Во соопштението, сквотерите рекоа дека вилата ќе служи како „центар за помош на бегалците“ и ќе ги таргетира другите имоти.

Велика Британија санкционираше околу 20 руски олигарси, меѓу кои и Роман Абрамович и Алишер Усманов, со замрзнување на нивните средства низ Лондон и забрана за влез во Британија.


Извор: Индекс.хр

Слично

Поврзани вести