Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СКРИЕН ПОД ЗАБОТ НА ВРЕМЕТО: Археолози откриле изгубен град од 10 век

(ВИДЕО) СКРИЕН ПОД ЗАБОТ НА ВРЕМЕТО: Археолози откриле изгубен град од 10 век

Тим археолози открил во источна Етиопија, во регионот Харла, заборавен град од 10-от век. Во него се најдени артефакти од Египет, Кина и Индија.

Археолозите откриле и џамија од 12 век, слична на џамиите најдени во Танзанија и Сомалија. Експерти наведуваат дека тоа е доказ за историските врски помеѓу различни исламски заедници во Африка.

-Ова откритие  е револуционерно во однос на нашите сфаќања на трговија во археолошки запуштениот дел на Етиопија. Ова што го пронајдовме покажува дека ова подрачје било центар на трговија во регионот“, рекол главниот археолог Тимоти Инсол од Универзитетот Ексетер.


Археолозите пронашле накит и други артефакти од Мадагаскар, Малдиви, од Јемен и Кина.

„Харла била богат, космополитиски центар за правење накит. Нејзиното население го сочинувале измешани заедници на странци и локални луѓе кои тргувале со други луѓе од Црвеното море, Индиски океан а веројатно и оддалечениот Арапски залив“ , наведува Инсол.

Етиопија е едно од подрачја на светот кое е најрано населено. Археолозите во 2015 година пронашле коски од вилица и заб кои датираат 3,3 до 3,5 милиони години наназад.

Слично

Поврзани вести