Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Ситуацијата во Украина излегува од контрола – најмалку 38 загинати во Одеса

(ВИДЕО) Ситуацијата во Украина излегува од контрола – најмалку 38 загинати во Одеса
Полицијата во украинскиот град Одеса објави дека најмалку 38 лица загинаа во пожарот во Домот на синдикати во овој украински град. Пожарот беше подметнат во текот на денешните жестоки немири и судири меѓу проруските и проукраинските приврзаници во Одеса. http://www.youtube.com/watch?v=EQsbWMN-Vuc Според полициското соопштение, дел од загинатите се задушиле во чад, а останатите загинале скокајќи од прозорците за да се спасат од огнот за кој се смета дека го подметнале приврзаници на украинскиот радикален Десен сектор. Ултранационалистичкиот „Десен сектор“ ја запалил зградата во која се наоѓале приврзаници на федерализацијата на Украина. Украинските безбедносни сили денеска започнаа масовна офанзива против проруските сепаратисти во источните градови, пред се во Славјанск. Во судирите на украинските безбедносни сили и сепаратистите загинаа најмалку три лица, а беа соборени и три хеликоптери на украинската војска. На барање на Русија итно заседава Советот за безбедност на Обединетите нации, кој бара решение за излез од новата ескалација на немирите во Украина.
Слично

Поврзани вести