Видео: Сите политички жртви на Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп на функција е само шест месеци но, неговата администрација е во целосен хаос, во Белата куќа се формирани повеќе крила кои се борат меѓу себе со протекување на доверливи информации, а неговите најблиски соработници штом не ги исполнат очекувањата добиваат нож во грб и се отпуштани на дрзок и непристоен начин.
Последна „жртва“ на Трамп е шефот на комуникации на Белата куќа контроверзниот Ентони Скарамучи кој беше портпарол само 10 дена. Тој ќе остане запаметен по тоа што секоја втора реченица му беше дека го сака Трамп и дека му е лојален како и интервјуто за Њујорк каде пцуеше како уличар, а не експерт за јавни комуникации.
Трамп смени двајца јавни обвинители, а позицијата му е загрозена и на Џеф Сешнос кој инаку е најзаслужен за победата на изборите бидејќи беше прв сенатор кој му даде целосна поддршка и му даде тежина во кампањата, но сега е проблематичен бидејќи се исклучи себеси од истрагата за руска вмешаност.
Скарамучи не е единствен од портпаролите на Трамп кој настрада во Белата куќа, слична судбина имаше и неспретниот и нервозен Шон Спајсер кој по 100 мораше самиот да си поднесе оставка бидејќи постојано американските медиуми се потсмеваа со неговите настапи во кои не знае како да ги одбрани глупостите на претседателот.
Најголем скандал предизвика отпуштањето на Џејмс Коми директорот на ФБИ што предизвика масовни сомнежи дека Трамп имал незаконски контакти со руската влада во текот на изборите.
