(ВИДЕО) Сите ја сакаат јахтата на познатиот руски олигарх, но изгледа ќе ја купи човек од соседството
Бугарски бизнисмен сакаа да ја купи запленетата јахта на најголемиот руски тајкун.
Антигва и Барбуда минатата недела официјално ја заплени супер јахтата „Алфа Неро“, која повеќе од една година беше закотвена во пристаништето Фалмут. Долго време не се знаеше кој е вистинскиот сопственик. На 21 март на вистинскиот сопственик му беше даден рок од десет дена „да го покаже сертификатот за сопственост и да го отстрани бродот од територијата на Антигва и Барбуда“. Бидејќи тоа не се случи, јахтата ќе оди на аукција. За неа постои огромен интерес веќе една година. Најсериозна понуда имало од непознат бизнисмен од Бугарија.
Јахтата се проценува на 100 милиони долари е на рускиот олигарх Андреј Григоревич Гуриев (62) и неговата ќерка Јулија Гуриев Мотлохова. Гурјев е под американски санкции по почетокот на војната во Украина. Се проценува дека „тежи неколку милијарди долари“, кои ги стекнал како сопственик на компанија за производство на ѓубрива.
Гурјев е еден од главните финансиери на разни спортови и клубови во Русија. Тој беше еден од челниците на Шаховската федерација во Русија, а целиот свој живот го посвети на шахот. Поради војната во Украина, руските олихарси се под санкции, а некои од нив се откажаа од руското државјанство. Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари. Со замрзнатите руски средства во странство, Западот планира да ја обнови Украина.
