Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Сите ги изненади: Нов патник пристигна на 10 500 метри височина во авионот на „Џет Ервејс“

(ВИДЕО) Сите ги изненади: Нов патник пристигна на 10 500 метри височина во авионот на „Џет Ервејс“

На меѓународниот комерцијален лет на авио компанијата Џет Ервејс 20-годишна Индијка родила момче кое како подарок добило бесплатно доживотно патување со оваа авио компанија.

Неименувана жена се породила на летот Боинг 737, додека превезувал 162 патници помеѓу Данман во Саудиска Арабија и Кочи во Керали во Индија.


„Патничката на 105 00 метри надморска висина родила момче“, се наведува во соопштението на авио компанијата и се додава дека болничарите и персоналот во авионот помогнале при пораѓање.


Авионот после овој настан го променил правецот и слетал во Мумбаи откаде што се мајката и новороденчето, а претставници на болницата наведуваат дека мајката и бебето се добри.

Џет Ервејс во соопштението наведува дека ова е прв пат бебе да е родено на лет на авиокомпанијата и дека затоа му е обезбедено доживотно бесплатно патување на летовите од таа компанија.

Слично

Поврзани вести