Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Сирија со РУСКАТА АВИАЦИЈА започна ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ПАЛМИРА

(ВИДЕО) Сирија со РУСКАТА АВИАЦИЈА започна ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ПАЛМИРА

Сриските воздушни сили започнаа утрово со помош на руската авиација силни удари на древниот град Палмира.

Иранската агенција „Фарс“ пренесува дека сириските сили кои се наоѓаат во градовите Сукнех, Саванех, Кнајфис и во провинцијата Хомс убиле до сега голем број на терористи и започнале голема операција за ослободување на Палмира.

„Руските авиони во вторникот започнаа со бомбардирање на линијата за одбрана на „ИД“, околу Палмира, припремајќи се за напад од големи размери со што би го повратиле древниот град“ пренесува агенцијата „Фарс“.

Древниот сириски град е од стратешко значење за џихадистите бидејќи им отвара пат до сириската пустина и границата со ирачката провинција Анбар, кој „ИД“ ја има превземено.

Палмира е позната по остатоците од римското време, а своевремено привлекуваше илјадници туристи со своите прекрасни стубови и храмови на богот Бела.

Погледнете го видеото како изгледа руската воздушна интервенција во Сирија, и дали мислите дека сириската војска со помош на руската авиација може да ја поразат „Исламска држава“.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/SkJZr49dkOA[/embed]  
Слично

Поврзани вести