Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Синовите и ќерката на Кадиров веќе се во Украина

(ВИДЕО) Синовите и ќерката на Кадиров веќе се во Украина

Синовите на чеченскиот лидер Рамазан Кадиров на возраст од 16, 15 и 14 години вооружени до заби пристигнаа во украинскиот град Мариупол. 

Ахмат, Ели и Адам  позираат пред камерите во градот. Во Доњецк пристигнала и  ќерката на Кадиров, Ајшат Кадирова, која ја предводела работната посета на чеченската делегација на Донбас.

„Внуците на првиот претседател на Чеченската Република, херојот на Русија, Ахмат-Хаџи Кадиров, Ахмат, Ели и Адам имаат 16, 15 и 14 години. Но, нивната воената обука почна многу одамна, скоро од мали нозе. Не е доволно само да знаеш да пукаш. Тие учат како да ракуваат со разни оружја, како да ги користат на секоја далечина, а учат и теоретска основа. Отсекогаш верував дека главна цел на секој татко е да всади побожност кај своите синови и да ги научи да го штитат семејството, народот, татковината. Ако сакате мир, подгответе се за војна!“, пишува Кадиров на Телеграм.

Споре него, малолетноста не е пречка за обука. Kaдиров од самиот почеток на војната од 24 февруари се заканува дека неговите војници можат да ја поразат Украина. 


Слично

Поврзани вести