Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Сина светлина се појави во Мароко три минути пред разорниот земјотрес

(ВИДЕО) Сина светлина се појави во Мароко три минути пред разорниот земјотрес

Необична појава му претходела на разорниот земјотрес од 6.8 степени кој во петокот вечерта го стресе Мароко. 

Сина светлина се појавила на небото.  Израелскиот весник Јерусалем пост објави снимка од мароканска надзорна камера на која се гледаат мистериозни блесоци на сина светлина.

Според угледниот израелски весник, видеото е снимено во градот Маракеш околу три минути пред земјотресот. Ист блесок имало пред силниот земјотрес во Турција, каде во февруари загинаа над 50.000 луѓе.  Во поновата историја првиот ваков случај е забележан со камера при земјотресот во Јапонија во 1965 година, а потоа слични феномени се забележани во Кина во 2008 година, Италија во 2009 година и Мексико во 2017 година. Не е јасно зошто се појавува оваа светлина.  Во Мароко загинаа повеќе од 2.800 луѓе. 

фото: принтскрин Твитер


Слично

Поврзани вести