(ВИДЕО) СИМБОЛОТ НА НАГОРНО - КАРАБАХ СРАМНЕТ СО ЗЕМЈА: Азербејџанците целосно уништија православна црква
Азербејџанците целосно уништија православна црква во ракетен напад.
Црквата „Свети Христос Спасител“ во Шуши, Нагорно-Карабах, е целосно уништена во ракетен напад на азербејџанската армија.
На фотографиите објавени од Араик Арутјуњан, претседател на таа спорна област, уништена е црквата позната како Казанчецоц, обележје на Шуши, која е изградена пред повеќе од 150 години и досега се спротивставуваше на конфликтите во Нагорно-Карабах, кои траат со прекини повеќе од 30 години.
„Овој вандализам е против човештвото и божјите закони. Ќе закрепнеме!“, рече Арутјуњан.
Храмот е изграден од 1868 до 1887 година и е седиште на епархијата Нагорно-Карабах на Ерменската апостолска црква.Борбите во Нагорно Карабах започнаа на 27 септември, а Азербејџан и Ереван меѓусебно се обвинуваат за избувнувањето на конфликтот.
Во Ерменија е прогласена воена состојба и општа мобилизација, а во Азербејџан е воведен полициски час и делумна мобилизација.
Конфликтот засега минува со млака реакција на меѓународната заедница.
Eрменскиот премиер Никол Пашинијан, изјави дека прашањето за Нагорно-Карабах не може да се реши со насилство и ја повика меѓународната заедница да ја признае независноста на тој регион, кој е дел од Азербејџан со мнозинско ерменско население.
Лидерите на Русија, САД и Франција ги повикаа Ереван и Азербејџан итно да ги прекинат судирите. Турција изјави дека ќе му пружи каква било помош на Азербејџан, како на бојното поле, така и на преговарачката маса.
