Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СИЛНО НЕВРЕМЕ: Водата однесе цели објекти

(ВИДЕО) СИЛНО НЕВРЕМЕ: Водата однесе цели објекти

Западниот дел на Германија вчера  го погоди страшно невреме. Најлошо беше во градот Вупертал во Северна Рајна-Вестфалија.

Снимките од областа покажуваат хаос на улиците. Поројниот дожд ги потопил улиците и ги претворил во река што носи сè пред себе, па дури и луѓе.

Како што јавува Билд, поројните дождови и поплавите ги уривале дури и покривите на некои куќи и бензински пумпи, уништени се десетици автомобили, а луѓето се заглавени во трговските центри.

Просториите на студентскиот дом во Вупертал се урнале, но за среќа немало повредени.

Повеќе од 40 литри дожд на квадратен метар паднале во областа Вупертал.

Засега нема информации за жртви, но има информации за неколку лесно повредени лица.

Невреме го погодило и Дизелдорф, каде што паѓал град. Голем број куќи се преплавени, сообраќајот е парализиран, некои летови се откажани. Метеоролозите, исто така, издадоа предупредување за торнадо.


Слично

Поврзани вести