Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Силни земјотреси во три земји

(ВИДЕО) Силни земјотреси во три земји

Силни земјотреси денеска имаше во три земји, Аргентина, Мексико и Гватемала. 

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во мексиканската сојузна држава Чиапас и во делови од Гватемала.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 90 километри од брегот на Мексико, на длабочина од 60 километри. На околу 280 километри од епицентарот на земјотресот се наоѓа главниот град на Гватемала, Гватемала Сити.

По земјотресот не е објавено предупредување за појава на цунами.

Земјотрес од 5,8 степени ја погоди централна Аргентина, а уште нема информации за повредените или направената материјална штета.  Епицентарот на земјотресот бил на 63 километри југозападно од градот Сан Луис, на длабочина од 10 километри.

Земјотресот е почувствуван во провинциите Сан Луис, Мендоза и Сан Хуан.


Слично

Поврзани вести