Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Силна експлозија во италијанска рафинерија – пожарот видлив од километри!

(ВИДЕО) Силна експлозија во италијанска рафинерија – пожарот видлив од километри!
Огромен божар избувна во италијанската рафинерија Милацо, на брегот на Средоземното Море. Според првичните информации, пожарот може да се види од далечина од неколку километри. Горат милиони литри нафта и горива и гаснењето се очекува да трае со часови. Во експлозијата, која му претходеше на пожарот, нема повредени. Противпожарните екипи се обидуваат да ја стават под контрола огнената стихија, која започна нешто после полноќ. Стотици семејства кои живеат во близина се одлучиле во текот на ноќта да се преместат на друга локација, иако властите тврдат дека ситуацијата е под контрола и оти нема потреба за евакуација. Причините за експлозијата и пожарот во рафинеријата уште не се утврдени. Гаснењето можеби ќе трае додека целото гориво едноставно не изгори. Последната сериозна несреќа во оваа рафинерија се случи во 1993 година, кога во експлозија на еден од погоните загинаа седум лица. http://www.youtube.com/watch?v=scEP5BjxMpA http://www.youtube.com/watch?v=S0I6wDINlC4 http://www.youtube.com/watch?v=cGM8v67kqlM  
Слично

Поврзани вести