(ВИДЕО) Силна експлозија во фабрика во Кина – најмалку 65 загинати
Најмалку 65 лица загинаа, а 150 се повредени утрово во Кина, во експлозија во фабрика за автомобилски делови во градот Куншан, во источната кинеска провинција Џијангсу, во близина на Шангај.
Експлозијата се случила во фабриката Жонгронг Платинг, која вработува речиси 450 работници и каде се произведуваат автомобилски делови за различни светски компании, вклучувајќи го американскиот „Џенерал моторс“.
Резултатите од прелиминарната истрага покажаа дека експлозијата била предизвикана од прашина која настанала додека работниците полирале метал во допир со високи температури или отворен пламен.
„Местото на несреќата изгледа страшно, непрепознатливо“, напишал еден очевидец на кинескиот социјален блог Сина Веибо.
40-тина луѓе загинале на местото на несреќата, додека повеќе од 20 им подлегнале на повредите во болница, јавија кинеските медиуми. Според некои информации, многу од луѓето настрадале затоа што менаџерите на фабриката ја држеле вратата заклучена за да ги спречат работниците да одат во тоалет.
http://www.youtube.com/watch?v=nhh9W58lZ6g
Слично
