(ВИДЕО) Силна експлозија на Крим, Украинците објавија што направиле
Украинците тврдат дека уништиле руски противвоздушен ракетен систем на Крим.
Украинското разузнавање соопшти дека уништило руски ракетен систем. Скај њуз потврди дека фотографиите од експлозијата од местото на несреќата се автентични и дека се од селото Оленивка на ртот Тарханкут на Крим. Во нападот е уништен рускиот противвоздушен ракетен систем С-400 „Триумф“ со долг и среден дострел, објави украинската разузнавачката служба.
„Како резултат на експлозијата целосно се уништени самата инсталација, ракетите поставени на неа и персоналот. Нападот му зададе „болен удар на системот за воздушна одбрана на окупаторот, што ќе има сериозно влијание врз понатамошниот развој на окупираниот Крим“, се наведува во известувањето од украинската разузнавачка служба.Украинските напади со дронови на Москва не запираат, а Русите ја гаѓаа Одеса.
Гувернерот на рускиот регион Белгород изјави дека тројца цивили се загинати во напад со дрон во село во близина на границата со Украина.
фото: принтскрин
Слично
