Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА: Се стресе источна Анадолија

(ВИДЕО) СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА: Се стресе источна Анадолија

Серија земјотреси имаше во Турција, а најсилниот е од 5 степени според Рихтер. 

Потресите биле во околината на Елазиг во источна Анадолија.  Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) oбјави дека земјотресот со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала се случил во центарот на Елазиг, на длабочина од 16,22 километри.

Како што објави порталот Хабер 7, земјотресот го почувствувале и во околните провинции, а жителите во паника истрчале од своите домови на улиците.

И оваа година и лани во Турција имаше силни земјотреси. 

Во октомври годинава во Турција во земјотрес имаше над 180 повреди. 

Во Турција и Сирија лани на почетокот на годината имаше силен земјотрес, во кој загинаа над 50.000 луѓе. 

Слично

Поврзани вести