Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Силен земјотрес во Индонезија: Властите предупредија за можно цунами

(ВИДЕО) Силен земјотрес во Индонезија: Властите предупредија за можно цунами

Источниот дел од Индонезија го погоди силен земјотрес со јачина од 7,1 степени по Рихтер. Земјотресот е регистриран во морето Молучко во западниот дел на Тихиот Океан, меѓу островите Амлуку и Сулавеси, пренесуваат медиумите од регионот.

Туристите и населението се евакуирале од можно цунами, а алармот го вклучи власта во земјата.

Индонезија се наоѓа во сеизмички активна зона, особено опасно во северниот Тихи Океан, познат како Огнен прстен и редовно страда од моќни земјотреси.

Минатиот септември деструктиван земјотрес со интензитет од 7,5 го погоди индонезискиот остров Сулавеси, проследено од  цунами. Околу 70 000 домови беа уништени или оштетени, 80 000 лица беа евакуирани и околу 2 000 лица починати, според информациите на индонезиската влада.


Видео Happy With You


Слично

Поврзани вести