ВИДЕО:Силен земјотрес повторно го потресе Еквадор
Земјотресот бил со јачина од 7,2 степени по Рихтер, соопшти АФП, но според Американскиот геолошки институт тој бил со интензитет од 6,8 степени по Рихтер.
Епицентарот на потресот бил на 22,5 километри северозападно од градот Роса Зарате, на длабочина од 15 километри, информира „Индипендент". Засега не се знае бројот на жртвите и причинетата штета. Во земјата нема предупредување за опасност од цунами. Повеќе од 600 лица загинаа, а над 2 500 беа повредени, откако земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала го погоди крајбрежјето на Еквадор во април. Тој земјотрес беше проследен со серија силни потреси.
[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/ZlETZR6cqDA[/embed]
Слично
