(ВИДЕО) Силен земјотрес ја погоди Јапонија, има повредени
Силен земјотрес ја погоди Јапонија.
Земјотрес со јачина од 6,6 степени утрово го зафати југозападниот и западниот дел на Јапонија, пришто се повредени повеќе од 10 луѓе. Епицентарот на земјотресот бил во Тихиот Океан. Локалните власти и јапонската Метеоролошка опсерваторија соопштија дека потресот не предизвикал цунами.
Шест лица се полесно повредени во градот Оита, а полицијата потврди за уште четири во градот Мијазаки. Повредени има и во префектурите Сага и Кумамото.
Во Оита по потресот имаше привремен застој во испораката на струја, а пријавени се пукнатини на водоводни цевки на неколку локации во градот.
При крајот на декември лани имаше силен земјотрес во јужна Јапонија.
Претходно, и во октомври 2021 година Јапонците се соочија со силен земјотрес.
