Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Силен земјотрес ги погоди Пакистан и Авганистан

(ВИДЕО) Силен земјотрес ги погоди Пакистан и Авганистан

Силен земјотрес вчера ги погоди Пакистан и Авганистан.

Епицентарот бил во регионот Хинду Куш во Авганистан, според пакистанската метеоролошка служба. Потресот го почувствувале во Исламабад, како и во источната покраина Пенџаб и северозападната покраина Хајбер Пахтунхва, која граничи со Авганистан. Се стресе и Кашмир, кој е под пакистанска администрација. Службите за итни случаи во Хајбер Пахтунхва соопштија дека окружните администрации се ставени во состојба на готовност.


Пакистан се наоѓа долж активна сеизмичка зона и земјотресите се чести.
Земјотрес со јачина од 7,6 степени во 2005 година уби десетици илјади луѓе во Пакистан и Кашмир, спорен хималајски регион поделен меѓу Пакистан и Индија, за кој двете земји тврдат дека е негов.

Венецуела деновиве се соочи со силни земјотреси со јачина над 7 степени и бројот на жртви расте. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести