Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Силен ветер ја урна 24-метарската реплика на Статуата на слободата во Бразил. 

Инцидентот се случил во градот Гваиба, во државата Рио Гранде до Сул, каде што голема реплика на познатата статуа била сместена пред продавница на синџирот продавници „Хавана“.

Информацијата ја потврди градоначалникот на Гваиба, Марсело Мараната.

Тој, исто така, објави дека нема повредени, пренесе Си-Ен-Ен Бразил.

Според првичните информации, силниот ветер и налетите, кои во некои моменти достигнувале и до 90 километри на час, предизвикале структурата да се навалува, а потоа да падне на земја.

Скулптурата заедно со постаментот има вкупна висина од 35 метри, а статуата висока 24 метри била оштетена при падот.

На уривањето му претходеше црвено метеоролошко предупредување, издадено од локалните власти поради опасни временски услови.


Слично

Поврзани вести