(ВИДЕО) Силен ураган ја погоди Јапонија
Ураганот „Vongfong“, најсилната олуја во Јапонија оваа година, стигна до централниот јапонски остров Кјушу откако го погоди јужниот остров на Окинава и повреди најмалку 37 лица, соопштиле денеска јапонските власти.
Откажани се повеќе од 300 летови, а пореметен е и железничкиот сообраќај на Кјушу и соседниот остров Шикоку, додека властите советувале 150.000 луѓе да се евакуираат од своите домови, пренесува британски Би-Би-Си.
Јапонската Метеоролошка служба издала предупредување дека ураганот до утре изутрина би можел да стигне и до престолнината, Токио.
Ураганот „Вонгфонг“, што на кантонски кинески значи оса, носи големи количини дожд, а ударите на ветерот достигнуваат брзина од дури 175 киломаетри на час, наведуваат метеоролозите.
