Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Шумските пожари во Русија се префрлија и во Кина

(ВИДЕО) Шумските пожари во Русија се префрлија и во Кина

Шумските пожари во Русија, кои зедоа 23 жртви, зафатија и дел од кинеската територија, пренесоа агенциите.

Според податоците на кинеската пожарна служба, пожарите кои неколку дена беснеат во руската република Хакасиа, во јужен Сибир се префрлиле вчера во Северна Кина и се шират од автономниот регион на Северна Монголија.

Опожарени се 30 куќи, автомобили и земјоделска техника на над десет семејства. Изгорена е и сточна храна за добитокот. Околу 660 пожарникари продолжуваат да се борат со огнот. Засега нема соопштение за евентуални жртви.

Pozar rusija 1

Во руската република Хакасиа можно е денес ситуацијата со пожарите да се влоши, бидејќи се очекува засилување на ветерот, пренесоа агенциите. Ураганскиот ветер, ја зафати Хакасиа на 12 април, кој ги разгори силните пожари кои зафатија 38 населени места.

Пожарот настанал од неовластено и неконтролирано палење на сува трева. Ситуацијата се комплицира од високите температури сезонава и силниот ветер. Прогласена беше вонредна состојба.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/fZZGPxvpdvE[/embed]
Слично

Поврзани вести