(ВИДЕО) Што порачаа од кабинетот на Меркел по нападот со комбе?
Портпаролката на германската канцеларка Ангела Меркел изјави : „Нашите мисли се со жртвите и нивните семејства”, по нападот со комбе кој се случи денеска во Германија.
Возилото, кое медиумите го опишуваат како мал камион, удрило во толпа луѓе што седеле околу статуата на Киепенкер во стариот дел на Минстер. На местото на инцидентот има возила на Брза помош, а полициски хеликоптер го надлетува средновековниот град, кој се наоѓа на запад од главниот град Берлин. Голем дел од градот е затворен и локалните жители се замолени да ја избегнат областа.
Шест лица се во критична состојба по нападот во германскиот град Минстер, каде камион влета во толпа луѓе. Возачот се самоуби. Нападот се случил пред популарната гостилница Киепенкер каде имало многу луѓе.
Весникот Шпигел пишува дека полицијата се сомнева дека станува збор за терористички напад.
