Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО: Што оставија зад себе силните земјотреси во Италија?

ВИДЕО: Што оставија зад себе силните земјотреси во Италија?

Серија земјотреси беа регистрирани во централниот дел на земјата во последните две деноноќија. 

Хеликоптер успеа да ги сними штетите на гробиштата во малото италијанско гратче Усита.

Првите два потреси беа деструктивни, при што имаше повредени луѓе.  

Третиот земјотрес во Италија, сруши црква, згради и патишта, а има повредени. 

Во средата вечерта беше регистриран земјотрес со интензитет од 5,4 степени по Рихтер на 132 километри североисточно од Рим и на 37 километри западно од градот Асколи-Пичето. Почувствуван е и во Неапол. Потоа следуваше нов со јачина од 6,1 степени по Рихтер. Околу полноќ следеше и трет силен земјотрес со јачина од 4,7 степени. 

Во зоната на земјотресите има многу сериозни штети, а неколку села се целосно разурнати. Илјадници Италијанци спиеа на отворено поради страв од нови разурнувања. Во Кампања ди Норча црквата „Сан Салваторе" се урна пред очите на десетици луѓе. 



Слично

Поврзани вести