(ВИДЕО) Што им посака Владимир Путин на православните христијани за Раѓањето Христово
Претседателот на Русија, Владимир Путин им го честиташе на православните христијани Раѓањето Христово, пренесоа агенциите, повикувајќи се на прес-службата на Кремљ.
„Овој празник не дарува со радосно расположение, ги буди кај нас најсветлите чувства и помисли. Овој празник не обединува околу идеалите за доброто, за љубовта и за милосрдието. Овие неминливи вредности играат посебна улога во историјата на Русија и со векови се служеле за духовна и морална потпора на општеството“, наведува Путин во својата честитка по повод Раѓањето Христово.
Рускиот претседател им посака на православните христијани и на сите граѓани на Русија кои го слават Христовото раѓање, мир, среќа и успех во добрите дела и потфати.
Слично

