Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Што им подготвија готвачите на Путин и Ким: Севернокорејците со посебни барања

(ВИДЕО) Што им подготвија готвачите на Путин и Ким: Севернокорејците со посебни барања

Севернокорејската делегација предводена од лидерот Ким Џонг ун, која во средата стигна во Владивосток, ќе биде послужена руска кујна и тоа на нивно барање, рекол гувернерот на Приморската Покраина Олег Кожемјако.

-Јадењата ќе бидат едноставни: руски борш - супа (национално руско јадење без кое не може да се замисли една трпеза), руски пељмени (кнедли од тесто полнети со мелено месо) и покрај тоа ќе биде дефинитивно и кафијар послужен. Бидејќи во севернокорејската делегација се наоѓаат и готвачи и ќе има и разновидни јадења на менијата, истакнал Кожемјако.

Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун разговараа за мировно решение на нуклеарниот проблем на Корејскиот полуостров и безбедност на североистокот од Азија.

Оваа средба е прва официјална на двајцата моќни лидери.

Ким во Владивосток дојде со блиндиран воз, а на станицата е дочекан со воен оркестар на гардата.


Слично

Поврзани вести