(ВИДЕО) Што бара германско село во сред Аргентина?
Во Аргентина има село каде патоказите се на германски, а во рестораните се служат германски јадења.
На неколку часа од Кордоба, Лас Кумбресита е швајцарско-германско село.
Туристи од цела Аргентина и од странство доаѓаат да го посетат селото и да ја почувствуваат Германија во Јужна Америка.
Ингрид Кабџолски раскажува дека во 1932 година нејзините баба и дедо се доселиле во Аргентина од Берлин.
Кога тие се доселиле имало само камен пат и водопад во селото.
Во 1934 година купиле земја и почнале да ја прават Германија во Аргентина.
Денес во селото има 1500 жители, а годишно го посетуваат 300.000 туристи.
Во селото има жители од Австрија, Швајцарија, Белгија, и Унгарија.
Слично
