Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Штикла летна кон Хилари Клинтон!

(ВИДЕО) Штикла летна кон Хилари Клинтон!
Поранешниот американски државен секретар и поранешна прва дама на САД Хилари Клинтон беше нападната со чевел за време на нејзиниот говор во Мандалеј Беј во Лас Вегас. Во последен момент, Клинтон успеала да го избегне ударот од чевелот што го фрлила непозната жена од публиката. Демонстрантката не била акредитирана за настанот и никој уште не знае зошто се одлучила за ваков чекор. Членовите на обезбедувањето на Клинтон веднаш по нападот ја изнеле од салата, а таа не им е спротивставила. Поранешната прва дама на САД се обиде целиот настан да го сврти на шега. „Не знаев дека управувањето со цврст отпад е толку контроверзно прашање“, рече Клинтон, која во моментот на нападот зборувала токму на таа тема. Фрлањето чевли кон политичари е вообичаен начин на протест низ светот, особено во арапските земји. Така во 2008 чевел беше фрлен врз тогашниот американски претседател Џорџ В. Буш, за време на прес-конференција во Багдад. На почетокот на неделава Клинтон најави дека размислува одново да влезе во трка за американски претседател откако еднаш загуби од Барак Обама во изборот на кандидат на Демократската партија. http://www.youtube.com/watch?v=zvQh3rVAeZM
Слично

Поврзани вести