Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ШТЕТИ НА ЈАВНИ ОБЈЕКТИ И ПРИВАТНИ КУЌИ: Силен земјотрес го погоди Еквадор

(ВИДЕО) ШТЕТИ НА ЈАВНИ ОБЈЕКТИ И ПРИВАТНИ КУЌИ: Силен земјотрес го погоди Еквадор

Земјотрес со јачина од 6,3 степени денеска го стресе Еквадор. Тој се случил на длабочина од 23 километри.  Еквадорскиот геофизички институт информираше и за втор земјотрес со јачина од 4,1 степени, кој се случи неколку минути подоцна во провинцијата Гвајас.

Потресот доведе до оштетувања на објекти во градот Есмералдас и до привремено затворање на дел од нафтената инфраструктура. Уништени се и приватни куќи. 

Во некои делови е прекинато и снабдувањето со електрична енергија. Претседателот Даниел Нобоа вели дека владата работи на изградба на засолништа и доставување хуманитарна помош за децата. 

И во 2022 година во земјата имаше силен земјотрес. Во 2023 година имаше силен земјотрес кој однесе и жртви. 


Слично

Поврзани вести