Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Шпанија на нозе: Илјадници маршираа за „леб, работа, кров над глава и достоинство“

(ВИДЕО) Шпанија на нозе: Илјадници маршираа за „леб, работа, кров над глава и достоинство“

Десетина илјади демонстранти во Мадрид, Барселона и други шпански градови, вчера учествуваа во маршот на достоинство против мерките на штедење и сиромаштија осудувајќи ја „корумпираната политичка класа“ и барајќи оставка од владата на премиерот Маријан Рахоја.

Со транспарентот „Леб, работа, кров над глава и достоинство“ демонстрантите во Мадрид скандирале „Дали е можно ова“, користејќи се со слоганот „Yes we can“ со кој американскиот претседател Барак Обама победил на изборите во 2008 година.

Медиумите пренесуваат дека меѓу демонстрантите имало бројни синдикални водачи и претставници на левицата, кои барале оставка од владата и сите политичари кои соработуваат со „Тројката на кредитори“. Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка и Европската комисја.

Третина од вработените Шпанци заработуваат максимално 645 евра месечно, пишува АФП.

 Исто така агенцијата додава дека од 46,5 милиони жители, повеќе од 5 милилиони примаат помош од Црвениот крст.

 
Слично

Поврзани вести