Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Шпанците протестираа против мерките наметнати поради коронавирусот

(ВИДЕО) Шпанците протестираа против мерките наметнати поради коронавирусот

Шпанците излегоа на улиците на Мадрид, и се побунија против рестриктивните мерки наметнати поради коронавирусот. 

Револтот го изразија со песни и со веење на шпански знамиња. Зад протестите стои десничарската партија Вокс.

Демонстрантите  ги повикаа премиерот Педро Санчез и вицепремиерот Пабло Иглесијас да си поднесат оставки.

Од коронавирусот во Шпанија починаа скоро 30.000 луѓе. 

Заедно со Италија, Шпанија беше најпогодена европска земја од опасниот вирус. 

Во Европа сега има над 2 милиони заразени. 


Слично

Поврзани вести