Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) ШОЛЦ ГЛЕДА ЗБУНЕТО, А ПОТОА СЕ СМЕЕ: Како реагираа светскаите лидери на гафовите на Бајден

(ВИДЕО) ШОЛЦ ГЛЕДА ЗБУНЕТО, А ПОТОА СЕ СМЕЕ: Како реагираа светскаите лидери на гафовите на Бајден

Не само Зеленски, вчудоневидени останаа и останатите светски лидери, откако американскиот претседател Џо Бајден го најави претседателот на Украина како Путин. Тоа го направи синоќа  самитот на НАТО, пред 23 светски лидери.  

Меѓу присутните се крена врева, некои веќе почнаа да аплаудираат, додека некои останаа неподвижни и збунето гледаа во американскиот лидер чекајќи тој да се поправи. Во видеото се чини дека германскиот канцелар Олаф Шолц е еден од ретките кои забележале дека Бајден направил гаф.

Бајден брзо сфати дека не е во право.

На Бајден, сепак, не му требаше многу време да направи уште еден гаф на внимателно следената прес-конференција на самитот на НАТО.

Американскиот претседател ги збуни потпретседателката Камала Харис и неговиот претходник Доналд Трамп.

– Гледате, немаше да го изберам потпретседателот Трамп за потпретседател, ако не мислев дека е квалификувана да биде претседател – рече Бајден одговарајќи на новинарски прашања.

Новите лапсуси веројатно дополнително ќе ја поттикнат загриженоста за менталниот капацитет на американскиот претседател и дополнително ќе ја загрозат неговата претседателска кампања.


Слично

Поврзани вести