(ВИДЕО) Шокантно: Италијански мафијашки бос се криел во фрижидер!
Неаполската полиција го уапси Валентин Џонт јуниор, синот го озогласниот мафијашки бос Валентин Џонт. Бегалецот се криел во куќата на неговиот вујко, во тајниот тунел во кој се влегува преку фрижидер! Валентин Џонт јуниор го водел Камора кланот, на чие чело седнал после апсењето на неговиот татко.
Според италијанската полиција Џонт „kapo di tuti kapi“ бил од 2012 година. Уапсен е во куќата на вујко му, кога сосема случајно еден од полицајците го отворил фрижидерот, зад чија врата се наоѓал тунел!
Имено, фрижидерот се отварал со далечински управувач, кој еден од инспекторите ненамерно го притиснал.
Камора кланот важи за еден од главните кога е во прашање шверц на цигари, како и контрола на областите околу пристаништата, преку кои се снабдевале со хероин, кокаин и канабис.
Полицијата потврдила дека Џонт се предал без борба, откако во неговото скривалиште влегле тешко наоружани специјални единици.
